Отпечати

Регистрирање USB HDD уред (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Поврзете и регистрирајте уред USB HDD на телевизорот за да снимате дигитални емисии.

Поврзете го уредот USB HDD со приклучокот за USB на телевизорот означен „HDD REC“ (доколку има син приклучок за USB, тоа значи дека тој приклучок поддржува снимање во HDD формат).

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
Illustration of the connection method
  1. Уред USB HDD
  2. USB Кабел (не се испорачува)
  1. Поврзете уред USB HDD со приклучокот USB3 (сино) во вашиот телевизор со ознака „HDD REC“.
  2. Вклучете го уредот USB HDD.
  3. Почекајте додека да се појави екранот [УСБ-меморијата е поврзана].
  4. Изберете [Регистрирајте се за снимање].
  5. Следете ги упатствата на екранот за да го регистрирате уредот USB HDD.

Напомена

  • Доколку при чекорот 4 од регистрацијата се прикаже пораката „Не може да се открие USB HDD за снимање“, следете ги инструкциите од истата и проверете дали уредот за снимање USB HDD е приклучен во приклучокот USB3 (сино).
    Доколку не може да се препознае уредот за снимање USB HDD, дури и откако ќе ја проверите врската, мора повторно да го регистрирате уредот USB HDD бидејќи тој е веќе регистриран како уред којшто има други функции освен снимање ([Меморија на уредот]). Видете во „Не може да се регистрира уредот USB HDD. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)“ за повторно да го регистрирате уредот USB HDD за снимање.

Совет

  • Исто така, на вашиот телевизор може да регистрирате направа USB HDD со тоа што ќе изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [HDD регистрација].

За да дерегистрирате уред USB HDD

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [Дерегистрација на HDD] — уредот што треба да се дерегистрира.