Отпечати

Снимање со еден допир (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
  1. Додека ја гледате програмата за снимање, притиснете го копчето REC.
  2. На прикажаниот екран, одредете го крајното време за снимање. За да снимате додека да заврши програмата, изберете [зададено]. За да одредите произволно време (1 минута до 8 часа), изберете [Дефиниран корисник].

За рачно прекинување на снимањето

  1. Притиснете го копчето (Стоп).
  2. Изберете [Запри] на прикажаниот екран.

За да го смените крајното време за снимање

  1. Притиснете го копчето (Стоп).
  2. На прикажаниот екран, изберете [Менувај] за да го смените крајното време на снимањето.

Напомена

  • За некои програми снимањето не може да се прекине со притискање на копчето (Стоп). За да прекинете снимање на таква програма, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [ Запри снимање].