Отпечати

Надворешен уред (како set-top box или AV приемник) не може да се контролира со IR Blaster. (Само за моделите компатибилни со IR Blaster)

Моделите компатибилни со IR Blaster имаат [Поставување на IR Blaster] во [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови].

  • Осигурете се дека IR Blaster е правилно поставен и IR предавателот се наоѓа во близина на IR приемникот на надворешниот уред.
  • Осигурете се дека вашиот телевизор го поддржува надворешниот уред.
  • Ако притиснете и задржите копче на далечинскиот управувач, операцијата може да не работи. Наместо тоа, обидете се да го притиснете копчето неколку пати.
  • Некои надворешни уреди може да не реагираат на некои копчиња во „Мени со акции“.
  • IR Blaster може да не е поставен правилно. За да го поставите IR Blaster, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставување на IR Blaster].