Отпечати

Користење на водичот за помош

Овој водич за помош објаснува како се користи телевизорот. Исто така, во Setup Guide можете да видите како се инсталира телевизорот, а во Reference Guide описи на деловите и спецификациите на овој телевизор и држачот за на ѕид.

Во овој водич за помош можете да ги прочитате саканите информации по ред или да ги побарате директно. За да пребарувате, изберете the search icon на врвот на екранот.

Верзии на водичот за помош

Има две верзии на водичот за помош за телевизорот: Вграден водич за помош и интернетски водич за помош. За да го прегледувате интернетскиот водич за помош, телевизорот треба да биде поврзан на интернет. За да се префрлувате меѓу верзиите на вградениот и интернетскиот водич, користете го копчето за менување (А) на горниот дел на екранот. Можете да проверите кој водич за помош е прикажан во моментот гледајќи го насловот на горниот дел на екранот.

Illustration of the location of switch button A
  1. Поврзете го телевизорот на интернет.
  2. Изберете (A) за да ја смените верзијата на водичот за помош.

Напомена

  • За да ги користите најновите функции опишани во водичот за помош, може ќе треба да го ажурирате софтверот на телевизорот. За детали за ажурирањата на софтверот, видете на страницата Софтверски ажурирања.
  • Имињата на поставките во водичот за помош може да се разликуваат од прикажаните на телевизорот во зависност од датумот на пуштање во продажба на телевизорот или моделот/земјата/регионот.
  • Сликите и илустрациите употребени во водичот за помош може да се разликуваат во зависност од моделот на вашиот телевизор.
  • Дизајнот и спецификациите се предмет на измена без известување.

Совет

  • За да видите дали телевизорот е опремен со некоја од функциите опишани во водичот за помош, видете во хартиениот прирачник или во каталог на производи на Sony product
  • Овој водич за помош е напишан за сите региони/земји. Некои описи во овој водич за помош може да не важат за некои региони и земји.