Отпечати

Гледање телевизиски програми со YouView (само за моделите за Обединетото Кралство)

За да го вклучите/исклучите YouView

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Поставување на YouView].
  2. Изберете [Овозможи YouView] или [Оневозможи YouView], а потоа [Да].
  3. Следете ја постапката за поставување.

За да го користите YouView Guide

Користете го YouView Guide да видите што се емитува во моментот, што е најавено за следната недела и за да се вратите за да ги видите емисиите што можеби сте ги пропуштиле изминатите седум дена.

  1. Притиснете го копчето GUIDE за да се прикаже водичот за програми.
  2. Притискајте ги копчињата (Лево) / (Десно) за да ја изберете програмата, а потоа притиснете го копчето (Влез).
    Достапните програми се означени со икона за пуштање.

Совет

  • Притиснете го копчето TV на далечинскиот управувач додека гледате тековна програма за да се прикаже Mini Guide и да видите што се емитува сега и што следи. Оваа функција не може да се употреби во следниве случаи.
    • Кога со телевизорот е поврзан set-top box преку IR blaster.
    • Кај телевизори чиишто вклучени далечински управувачи немаат копче DISCOVER.

За да ги проверите информациите за програмата (Information Panel)

Information Panel овозможува да дознаете повеќе за програмата, гледаноста и дали е достапно во HD. Можете и да гледате повеќе епизоди од истата серија кога се достапни по нарачка.

  1. Притиснете го копчето (Прикажување Инфо/Текст).

За да пристапите до On Demand, Discover и YouView Search (YouView Menu)

  1. Притиснете го синото копче во YouView Guide или Mini Guide за да се прикаже YouView Menu.
  2. Најдете ја програмата што сакате да ја гледате со следниве опции.
    Players: Пристап до BBC iPlayer, ITV Hub, All 4, My5 и Pop Fun на YouView.
    Discover: Прегледувајте популарни или скоро додадени програми набрзина. Може и да откривате нови програми по жанр, на пр. Детски, Филмови итн.
    YouView Search: Најдете одредена програма во живо или по нарачка на YouView.

Напомена

  • Следниве ставки на менито се недостапни кога е вклучено YouView;

    • Сателитски програми
    • Омилени
    • Потсетник
    • Заклучување дигитални програми
    • Уредување на листата на програми
    • Прилагодете го копчето TV
    • Информации за земските програми од функцијата за пребарување на екранот на почетното мени (наместо него, користете го „YouView Search“)
    • Снимање емисии
  • Имињата на услугите може да се сменат без известување.