Отпечати

Гледање/бришење снимени содржини (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.

За да гледате снимени содржини

  1. Притиснете го копчето TITLE LIST, па изберете ја содржината за гледање.

За да избришете снимени содржини

  1. Притиснете го копчето TITLE LIST.
  2. Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете го следново по редослед.
    [Избриши] — програма за бришење — [Избриши]
    За да избришете повеќе програми, изберете ги сите програми кои сакате да ги бришете пред да изберете [Избриши].

Погледнете Разбирање на знаците прикажани во листата снимени наслови (само за моделите со снимање на USB HDD) доколку ви се потребни информации во врска со знаците на листата снимени наслови.