Отпечати

Приспособување аудио систем

По поврзување на аудио системот со телевизорот, приспособете го аудио излезот на телевизорот од аудио системот.

Приспособување на аудио системот поврзан со HDMI кабел или дигитален оптички кабел

  1. Откако ќе го поврзете телевизорот со аудио системот, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Звучници] — [Аудио систем].
  2. Вклучете го поврзаниот аудио систем, а потоа, прилагодете ја јачината на звукот.
    Ако поврзете уред компатибилен со BRAVIA Sync преку HDMI врската, можете да ракувате со него едноставно со далечинскиот управувач на телевизорот.

Напомена

  • Треба да ги конфигурирате поставките за [Дигитален аудио излез] согласно со аудио системот. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез].
  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

Совет

Приспособување на аудио системот поврзан со кабел за аудио

  1. Откако ќе го поврзете телевизорот со аудио системот, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Аудио излез (Фиксно)].
  2. Вклучете го поврзаниот аудио систем, а потоа, прилагодете ја јачината на звукот.

Напомена

  • Ако аудиосистемот не е компатибилен со Dolby Digital или со DTS, поставете го [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Дигитален аудио излез] на [PCM].

Совет

  • Кога користите надворешен аудио систем, со звучниот излез на телевизорот може да се ракува со далечинскиот управувач на телевизорот ако [Излез за слушалки/звук] е поставено на [Аудио излез (Променливo)]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Аудио излез (Променливo)].
  • Кога поврзувате сабвуфер, притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [Излез за слушалки/звук] — [Сабвуфер].