Отпечати

Излез на аудио од аудио систем

Со телевизорот може да поврзувате аудио системи како на пример AV приемници или звучници во вид на лента. Изберете метод на поврзување подолу согласно спецификациите на аудио системот што сакате да го поврзете.

  • Поврзување со HDMI кабел (За детали, внимателно прочитајте во „Поврзување со HDMI кабел“ подолу.)
  • Поврзување со дигитален оптички кабел
  • Поврзување со аудио кабел

За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Напомена

  • Погледнете го упатството за користење на уредот што треба да се поврзе.

Поврзување со HDMI кабел

Овој уред поддржува Audio Return Channel (ARC). Може да користите HDMI кабел за излез на аудио од аудио системите што поддржуваат ARC.

За методи на поврзување, погледнете ја страницата Поврзување аудио систем.

Напомена

  • Местото на HDMI терминалот што поддржува ARC се разликува зависно од моделот. Погледнете во доставениот водич.