Отпечати

Долни копчиња на далечинскиот управувач

Доставениот далечински управувач, како и распоредот на копчињата и нивните имиња, се разликуваат зависно од моделот/земјата/регионот.

Илустрација на долните копчиња на далечинскиот управувач
+/- (Гласност)
Приспособување на гласноста.
(Префрли)
Префрлање помеѓу два канали или влеза. Телевизорот префрла помеѓу тековниот канал или влез и последно избраниот канал или влез.
(Исклучи звук)
Исклучување на звукот. Притиснете повторно за да го вклучите звукот.
PROG +/- (Канал)
Во режим на телевизија: Изберете го каналот.
Во режим на текст: Изберете ја (Следната) или (Претходната) страница.
AUDIO
Сменете го јазикот за програмата што ја гледате во моментот.
(Брзо премотување наназад) / (Пушти) / (Брзо премотување нанапред) / (Претходно пребарување) / (Пауза) / (Следно пребарување) / (Стоп)
Управување со медиумските содржини на телевизорот и поврзаните уреди компатибилни со BRAVIA Sync.
(Поставување превод)
Вклучување или исклучување преводи (кога е достапна функцијата).
HELP
Приказ на менито Помош. Оттука може да пристапите до Водичот за помош.
REC
Снимајте ја тековната програма со функцијата за снимање со USB HDD.
EXT.BOX MENU
Приказ на менито на поврзаниот надворешен уред (кабелски/сателитски уред).
  • За модели со доставен IR Blaster, поврзете го и поставете го IR Blaster.
  • Менито на надворешниот уред може да се прикажува за некои HDMI-уреди компатибилни со CEC кога не е доставен/поврзан IR Blaster.
TITLE LIST
Приказ на листата Наслов.