Отпечати

Пребарување со глас

Далечинските управувачи што поддржуваат гласовно пребарување имаат копче (Микрофон) и вграден микрофон. Зборувајќи во микрофонот, можете да пребарувате различни содржини.

  1. Притиснете го копчето (Микрофон).
    LED-от на далечинскиот управувач ќе светне.
  2. Зборувајте во микрофонот.
    Може да бидат прикажани примери на говор, зависно од моделот.

Кога не може да пребарувате користејќи го гласот

Повторно регистрирајте го далечинскиот управувач со гласовно пребарување што го има копчето (Микрофон) на телевизорот со притискање на копчето HOME и избирање [Поставки] — [Далечински управувач и додатоци] — [Далечински управувач].

Напомена

  • Потребно е поврзување со интернет за користење гласовно пребарување.
  • Типот на далечинскиот управувач испорачан со телевизорот и достапноста на далечински управувач со вграден микрофон се различни, зависно од моделот, регионот и земјата. За некои модели, региони и земји е достапен изборен далечински управувач.