Функции за пристапност
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Овој телевизор има функции за пристапност во [Пристапност] како на пример функцијата за трансформирање текст во говор за текст на екранот, зголемување на текстот за полесно читање, како и функцијата за превод.
Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Пристапност] за да ги конфигурирате функциите за помош на корисникот.
[Пристапност] има функција на кратенка, така што може да ја вклучувате или исклучувате со притискање и држење на копчето (Исклучи звук) на далечинскиот управувач 3 секунди.
Совет
- За да ја смените функцијата на кратенка, овозможете [Кратенка за пристапност] во [Пристапност], и сменете ја со помош на [Услуга со кратенка].
- За употреба на функцијата трансформација од текст во говор со водичот за помош, погледнете го водичот за помош на интернет-страницата за поддршка на Sony со помош на вашиот компјутер или паметен телефон.
http://www.sony.eu/support/
http://www.sony.eu/support/