Отпечати

Снимање со тајмер (само за моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

Напомена

  • Функцијава е достапна само кај некои модели во Европа, Австралија и Нов Зеланд.
  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Изберете ја саканата програма во водичот за програми, потоа изберете [Снимање со тајмер].
  3. Изберете [Постави тајмер како настан] или [Постави тајмер].

За рачно поставување на тајмерот на одреден датум, време и канал

  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
  3. Изберете [Листа со тајмери] — [Сним. со рачно пост. тајмер].
  4. Конфигурирајте ја поставеноста на тајмерот.
  5. Изберете [Постави тајмер].

За проверка, менување или бришење на поставеноста на тајмерот

Проверката, менувањето и бришењето на поставките на тајмерот се вршат во [Листа со тајмери].

  1. Притиснете го копчето GUIDE.
  2. Поместете го фокусот на најлевата ставка, па одете пак лево за да го отворите менито.
  3. Изберете [Листа со тајмери], па сменете ги поставките.

Совет

  • Може да се постават до 32 тајмери.
  • Ако снимањето не успее, причината ќе биде наведена во [Листа на грешки при снимањето]. Притиснете го копчето TITLE LIST, па изберете [Листа на грешки при снимањето].
  • Во водичот за програми можете да го поместите фокусот на саканата програма и да го притиснете копчето REC за да го одредите снимањето со тајмер за таа програма.

Напомена

  • Снимањето со тајмер нема да работи кога е откачен кабелот за напојување.