Отпечати

Поставување тајмер

За да го поставите тајмерот за вклучување

Тајмерот автоматски го вклучува телевизорот во одредено време, на пример кога ќе почне програма што сакате да ја гледате. Овозможува и да го користите телевизорот како будилник.

  1. Притиснете го копчето HOME и изберете (икона Тајмери) — [Тајмер за вклучување] — саканата опција.

За да го поставите тајмерот за спиење

Тајмерот за спиење го исклучува телевизорот автоматски по претходно поставено време.

  1. Притиснете го копчето HOME и изберете (икона Тајмери) — [Тајмер за исклучување] — саканата опција.

Напомена

  • Кога ќе го исклучите телевизорот, па ќе го вклучите повторно, [Тајмер за исклучување] се ресетира на [Исклучено].