Отпечати

Поставки за гледање слики во резолуција 8K (само за модели со 8K)

Кога прикажувате висококвалитетен формат 8K преку влезот HDMI, поставете [Формат на HDMI сигнал] во [Надворешни влезови].

Формат на HDMI сигнал

За да ја смените поставката за форматот на сигналот HDMI, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал] — влезот HDMI што сакате да го поставите.

HDMI IN 4

Стандарден формат
Стандарден HDMI формат*1.
Подобрен формат (Dolby Vision)
Висококвалитетен HDMI формат*1*2. Поставете го само кога користите уреди со способност за него.
Подобрен формат (8K)
Висококвалитетен HDMI формат*1*3. Поставете го само кога користите уреди со способност за него.

HDMI IN 1/2/3

Стандарден формат
Стандарден HDMI формат*1 за нормална употреба.
Подобрен формат
Висококвалитетен HDMI формат*1*2. Поставете го само кога користите уреди со способност за него.

*1 Вклучено HDR.
*2 4K 60p 4:2:0 10 bit, 4:4:4, 4:2:2 и сл.
*3 8K 24/30p 4:2:0 8 bit, 4K 120p 4:2:0 8 bit

Напомена

  • Кога користите Подобрен формат, сликата и звукот може да не се прикажуваат правилно. Во тој случај, поврзете го уредот со HDMI IN што е во [Стандарден формат] или сменете го форматот на сигналот HDMI на HDMI IN во [Стандарден формат].
  • Поставете Подобрен формат само кога користите компатибилни уреди.
  • Кога гледате слика во 8K со висок квалитет, користете кабел Premium High Speed HDMI™ Cable(s) што поддржува брзина од 18 Gbps. За детали за кабелот Premium High Speed HDMI™ Cable(s) што поддржува 18 Gbps видете во спецификациите на кабелот.