Отпечати

Информации за користење на USB HDD уред за снимање

Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.

Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].

  • Уредот USB HDD треба да се користи само за снимање. Користете посебен уред USB HDD за гледање слики и видеоснимки.
  • Поддржани се само уреди USB HDD поголеми од 32 GB.
  • Не е поддржано поврзување уред USB HDD преку USB разводници. Поврзете го уредот директно со телевизорот.
  • Податоците зачувани на уредот USB HDD ќе се избришат за време на форматирањето при регистрирањето. Уредот USB HDD не може да се користи на компјутер откако ќе се регистрира на телевизорот. За да овозможите користење на уредот USB HDD на компјутер, форматирајте го на компјутерот. (Имајте предвид дека сите податоци на уредот USB HDD ќе се избришат.)
  • Можат да се регистрираат најмногу 8 уреди USB HDD.
  • Само овој телевизор ќе може да ги емитува податоците снимени на уредот USB HDD што е регистриран на него.
  • Поддржано е снимање само на дигитални телевизиски и радио емисии. Не е поддржано снимање податочни емисии.
  • Не може да се снимаат шифрирани сигнали.
  • Не може да се снима во следниве случаи:
    • Телевизорот не може да го препознае регистрираниот уред USB HDD.
    • Снимени се повеќе од 1000 програми на уредот USB HDD.
    • Уредот USB HDD е полн.
  • Може да не биде возможно автоматско бирање на програмата додека се снима.
  • Невозможно е снимање на програма ако нејзиното снимање не е одобрено.
  • Ако користите модул за условен пристап (CAM), немојте да ја користите неговата родителска заштита бидејќи може да не работи за време на снимањето. Како алтернатива, користете блокирање на програма или родителската заштита на самиот телевизор, ако истата е поддржана од емитувачот.
  • Во Норвешка, некои програми не може да се снимаат поради законски пречки.
  • Ако телевизорот биде удрен за време на снимањето на USB HDD, може да има шум на снимените содржини.
  • Во никој случај Sony нема да одговара за неуспешно снимање или какво било оштетување или загуба на снимени содржини предизвикани или поврзани со дефект на телевизорот, пречки на сигналот или други проблеми.