Промени по софтверско ажурирање, итн.
Следниве ставки може да се разликуваат од фабричките стандардни поставки поради софтверски ажурирања.
- Подобрувања на менито за видеоигри
- Изоставена функција
Оваа тема ги опишува само промените. Видете ги и описите во оригиналната тема.
За информации за софтверски ажурирања, видете на страницата „Софтверски ажурирања“.
Подобрувања на менито за видеоигри
Менито за видеоигри е достапно и за апликации за видеоигри.
Совет
- Во зависност од апликацијата за видеоигри што ќе ја лансирате, [Режим на слика] може автоматски да се промени во [Игри]. Доколку опцијата [Игри] не е избрана автоматски, поставете ја рачно.
Изоставена функција
- Функција Wi-Fi Direct