Отпечати

Мени на видеоигри

Ако го притиснете копчето MENU откако ќе поврзете конзола за игри или компјутер, или откако ќе стартувате апликација за игри, менито специфично за играта се прикажува на долниот дел од екранот.

Приказ на менито за видеоигри

Совет

  • Во зависност од конзолата за игри или компјутерот што го поврзувате или од апликацијата за игри што ја стартувате, [Тип на содржина] може автоматски да се промени во [Игри]. Доколку опцијата [Игри] не е избрана автоматски, поставете ја рачно.

Напомена

  • Достапните опции може да се различни.
  • Неподдржаните опции се со сива боја (не се достапни).