Прикажување на екранот на апликацијата од iPhone/паметен телефон или iPad/таблет на телевизорот
Chromecast built-in™ или AirPlay ви овозможуваат да ги прикажете (емитувате) омилените интернет-страници и екрани на апликации од вашиот мобилен уред директно на телевизорот.
Користејќи го Chromecast built-in
- Поврзете мобилен уред како паметен телефон или таблет на истата домашна мрежа со којашто е поврзан и телевизорот.
- Отворете апликација поддржана од Chromecast built-in на мобилниот уред.
- Допрете го копчето Cast од апликацијата. (
(емитување))
- Изберете го телевизорот како дестинација за емитување.
Екранот на мобилниот уред се прикажува на телевизорот.
Напомена
- Потребно е да се постават Google TV и интернет-врската за користење на Chromecast built-in.
Користејќи го AirPlay
Овој телевизор поддржува AirPlay 2.
- Проверете дали вашиот уред на Apple е поврзан на истата мрежа како телевизорот.
- Постапката зависи од содржината што ќе се прикажува на телевизорот како што следи подолу.
- За прикажување видео, допрете
(AirPlay видео).
- За прикажување фотографии, допрете
(Споделување дејство).
- За пуштање музика, допрете
(AirPlay аудио).
- За прикажување на екранот на мобилниот уред, допрете
(Пресликување).
(Кај некои апликации може да треба прво да допрете друга икона.)
- За прикажување видео, допрете
- Изберете AirPlay на мобилен уред како што се iPhone или iPad и изберете го телевизорот што се користи со AirPlay.
Совет
- Телевизорот поддржува Apple HomeKit.
Може да го контролирате телевизорот со мобилен уред, како iPhone или iPad со притискање на копчето(Избор на влез) на далечинскиот управувач и избирање
(AirPlay) и следење на упатствата на екранот за да го поставите Apple HomeKit.
Достапните операции може да се разликуваат зависно од верзијата на апликацијата и софтверот. - Доколку изберете [Вклучено (Вклучено од апликации)] во [Далечинско активирање], ќе може да го вклучите телевизорот со апликации на мобилен уред како на пример iPhone или iPad.
Напомена
- Потребно е да се постават Google TV и интернет-врската за користење на AirPlay.
- Работата на мобилниот уред, како iPhone или iPad, се разликува, зависно од верзијата на оперативниот систем.