Отпечати

Ресетирајте (престартувајте) го телевизорот

Ако имате проблеми како неприкажување на сликата на екранот или ако далечинскиот управувач не работи, ресетирајте го телевизорот со следнава постапка. Ако проблемот останува, обидете се со постапката на фабричко ресетирање подолу.
Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.

Ресетирање на вклучувањето/исклучувањето

  1. Престартувајте го телевизорот со далечинскиот управувач.
    Притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач околу 5 секунди додека телевизорот не се престартува (ќе се прикаже порака за исклучување).

    Ако проблемот опстојува, откачете го телевизорот од изворот на електрична енергија и притиснете го еднаш копчето за вклучување/исклучување на телевизорот.
    Потоа почекајте 2 минути пред повторно да го вклучите телевизорот. Зависно од моделот, може да го притиснете и да го задржите притиснато копчето за вклучување/исклучување на телевизорот (40 секунди или подолго) додека не се исклучи и престартува.

  2. Откачете го кабелот за напојување.
    Ако проблемот продолжи по чекор 1, откачете го кабелот за напојување од електричниот штекер. Потоа, притиснете го копчето за вклучување/исклучување на телевизорот и отпуштете го. Почекајте 2 минути, па повторно приклучете го кабелот за напојување во електричниот штекер.

Совет

  • Моделите на телевизори со едно копче на телевизорот (само копче за вклучување/исклучување) исто така може да се престартуваат со помош на копчето за вклучување/исклучување. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на телевизорот за да се прикаже менито со операции, изберете [Рестартирање] од менито, па притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување за да извршите престартување на телевизорот.
  • Личните поставки и податоците нема да се изгубат откако телевизорот ќе се престартува.

Фабричко ресетирање на податоци

Ако проблемот останува по ресетирање на вклучувањето/исклучувањето, обидете се со фабричко ресетирање на податоците.
За детали, погледнете во Фабричко ресетирање на податоци.