Уживање во безбедни апликации и услуги за стримување видео (Безбедност и ограничувања)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Можете да обезбедите безбедна употреба на телевизорот одредувајќи ограничувања за инсталирање на апликациите што се преземени од непознати извори или ограничувања според возраста за програмите и видеоснимките. (Некои функции не се достапни, зависно од вашиот модел/регион/земја.)
Можете да ги поставите следните функции на [Контроли за родителски надзор] за да можат децата безбедно да го користат телевизорот.
- Ограничување ТВ канали
- Ограничување на инсталацијата на апликации од непознати извори
- Ограничување на користење на апликации (функција за заклучување на лозинката)
Може да ги ограничите функциите со поставување на следново.
За поставување ограничувања според возраста на програми
- Притиснете го копчето
(Брзи поставки) на далечинскиот управувач и потоа изберете го следново по редослед.
[Поставки] — [Систем] — [Контроли за родителски надзор] — [Канали] — [Оценка на телевизорот].
Опциите зависат од моделот/ земјата/регионот/поставките.
За ограничување на апликациите (функција за заклучување на лозинката)
Поставете за да ги ограничите децата да користат апликации како на пример прелистувачи на интернет.
Поставете ограничувања во [Контроли за родителски надзор].
Доколку ова е поставено, ќе биде потребно да го внесете PIN-кодот кога ќе стартувате апликација.
- Притиснете го копчето
(Брзи поставки) на далечинскиот управувач и изберете го следново по редослед.
[Поставки] — [Систем] — [Контроли за родителски надзор] — [Апликации] - Поставете го или внесете го PIN-кодот.
- Овозможете [Ограничи апликации].
- Изберете апликации што сакате да ги ограничите од листата со апликации.
Ограничените апликации ќе се сменат од(Oтклученo) во
(Заклученo). За ограничување на сите апликации, изберете [Сите апликации].
За ограничување на инсталацијата на апликации од непознати извори
Напомена
- Ако ја смените поставката [Безбедност и ограничувања], уредот и вашите лични податоци се поподложни на напади од непознати апликации од други извори освен Play Store. Се согласувате дека само вие одговарате за евентуалните оштетувања на уредот или за губење податоци поради користење такви апликации.
- Ако го заборавите PIN-кодот, мора да го ресетирате телевизорот на оригиналните фабрички поставки. Осигурете се да не го заборавите PIN-кодот.
Совет
- Може да се достапни и други посебни ограничувања, зависно од апликацијата. За детали, погледнете во водичот за помош на апликацијата.