Користење USB HDD уред за снимање
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Оваа функција е достапна само во одредени региони/земји/модели на телевизори.
Моделите за снимање со USB HDD имаат [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].
Поврзете USB HDD уред на телевизорот за да снимате дигитални емисии.
Поврзете го уредот USB HDD со приклучокот за USB на телевизорот означен со „HDD REC“ (доколку има син приклучок за USB, тоа значи дека тој приклучок поддржува снимање во HDD формат).
- Уред USB HDD
- USB Кабел (не се испорачува)
- Поврзете уред USB HDD со приклучокот за USB (сина боја) означен со „HDD REC“ на вашиот телевизор.
- Вклучете го уредот USB HDD.
- Почекајте додека да се појави екранот [USB-меморијата е поврзана].
- Одете на [Поставки за снимање] во [Поставки] — [Канали & Влезови].
- Изберете уред за снимање и осигурете се дека е овозможено PVR.
Напомена
- Доколку при чекорот 4 не се открие уред, следете ги упатствата од пораката и проверете дали USB HDD уредот за снимање е приклучен во приклучокот за USB со висока брзина (сина боја).
Доколку не се препознава USB HDD уредот за снимање, дури и откако ќе ја проверите врската, мора да проверите дали USB HDD уредот е инсталиран како „Пренослива меморија“ во [Поставки] — [Систем] — [Капацитет] бидејќи тој може да е веќе регистриран како уред којшто има други функции освен снимање. Погледнете во делот „Информации за користење на USB HDD уред за снимање“ за да видите како се користи USB HDD уредот за снимање.