Прилагодување на поставките за CEC
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Кога CEC е поставен, ќе може да исклучите поврзан уред со телевизорот или да поставите уред поврзан преку HDMI-кабел за ракување со далечинскиот управувач на телевизорот.
- Вклучете го поврзаниот уред.
- За да се овозможи [CEC Control], притиснете го копчето
(Брзи поставки) на далечинскиот управувач, потоа изберете [Поставки] — [Канали & Влезови] — [Надворешни влезови] — [Поставки за CEC] — [CEC Control].
- Активирајте го CEC на поврзаниот уред.
Кога е вклучен и поврзан одреден уред компатибилен со Sony CEC и кога е овозможено [CEC Control], CEC се активира автоматски на тој уред. За подетални информации, погледнете го упатството за користење поврзаниот уред.
Достапни опции
Долу се прикажани достапните опции. (Опциите се разликуваат зависно од моделот/регионот/земјата.)
- [Автоматско исклучување на уреди]
- Ако е исклучено, приклучениот уред нема да се исклучи автоматски кога ќе се исклучи телевизорот.
- [Автоматско вклучување на телевизорот]
- Ако е исклучено, телевизорот нема да се вклучи автоматски кога ќе се вклучи приклучениот уред.
- [Листа со CEC уреди]
- Ја прикажува листата со CEC уреди.