Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Ако имате проблеми како неприкажување на сликата на екранот или ако далечинскиот управувач не работи, ресетирајте го телевизорот со следнава постапка.
Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.
Ресетирање на вклучувањето/исклучувањето
- Престартувајте го телевизорот со далечинскиот управувач.
- Откачете го кабелот за напојување.
Совет
- Личните поставки и податоците нема да се изгубат откако телевизорот ќе се престартува.
Фабричко ресетирање на податоци
Ако проблемот останува по ресетирање на вклучувањето/исклучувањето, обидете се со фабричко ресетирање на податоците.
Напомена
Со извршувањето фабричко ресетирање ќе се избришат сите податоци и поставки на телевизорот (како на пример информациите за поставките на Wi-Fi и кабелската мрежа, сметката на Google и другите информации за пријавување, Google Play и други инсталирани апликации).
- Притиснете го копчето
(Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Систем] — [За] — [Ресетирај] — [Ресетирање на фабричките поставки] — [Ресетирање на фабричките поставки].
- Изберете [Избриши сè].
Ако сте поставиле PIN-код на телевизорот, од вас ќе се побара да го внесете.
Откако постапката на фабричко ресетирање успешно ќе се заврши, телевизорот ќе го стартува волшебникот за почетно поставување. Мора да се согласите со Условите на користење на Google и Политиката за приватност на Google.