LCD монитор/LCD екранBZ40P / BZ35P / BZ30P

IP

Може да го контролирате LCD мониторот/LCD екранот преку IP од HTML5/Android апликација на LCD мониторот/LCD екранот или на надворешниот уред. Може да управувате и да следите информации за влезот/напојувањето, да стартувате и да исклучувате апликации, да го контролирате екранот како што се влезниот извор и јачината на звук. Можете и да ги ограничите наредбите преку функцијата за автентикација.

Поддржан IP протокол

За информациите за спецификациите, за основната структура, како и за примери, погледнете го BRAVIA Knowledge Center.

https://pro-BRAVIA.sony.net/

QR код за интернет-страницата за поддршка на Sony

https://pro-BRAVIA.sony.net/

Назив на протокол Слој Формат Автентикација Објаснување
REST API HTTP JSON-RPC Да API чија намена е контрола на уредот.
IRCC-IP HTTP SOAP Да

Контрола компатибилна со црвени зраци преку интернет протокол.

Технологијата и форматите за пренос на наредби за далечинско управување преку интернет.

Едноставна IP контрола TCP Бајтстрим N/A Поддржани се само вообичаените функции.

Поставки за LCD монитор/LCD екран

Изберете [Коренски сертификат] → [Извези коренски сертификати] со користење USB уред.

Кога користите [Контрола на IP], прво поставете го LCD мониторот/LCD екранот како што е дадено во продолжение.

Одете на [Поставки] → [Мрежа и интернет] → [Поставување на локална мрежа] → [Контрола на IP].

За REST API и IRCC-IP,

  • Поставете [Претходно споделен клуч].

За Едноставна IP команда,

  • Овозможете [Едноставна IP команда].

За Control4®,

  • Овозможете [Control4®].