LCD монитор/LCD екранBZ40P / BZ35P / BZ30P

Поврзување со мрежа со користење на Wi-Fi

Вградениот уред за безжична LAN врска ви овозможува пристап до интернет и уживање во придобивките на мрежно работење во околина без кабли.

Илустрација на начинот на поврзување

(A) Компјутер

(B) Безжичен рутер

(C) Модем

(D) Интернет

  1. Поставете го вашиот безжичен рутер.

    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

  2. Притиснете го копчето OPTIONS на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет].

  3. Изберете ја мрежата со којашто сакате да се поврзете и поставете ја лозинката.

За да го исклучите вградениот уред за безжична LAN врска

  1. За да го оневозможите [Wi-Fi], притиснете го копчето OPTIONS на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Мрежа и интернет] — [Wi-Fi].

Совет

  • За течно стримување видео:
    • Сменете ги поставките на вашиот безжичен рутер на стандард за мрежно поврзување со голема брзина, како, на пр., 802.11n, 802.11ac или 802.11ax ако е можно.
      За детали за тоа како да ја промените поставката, погледнете го упатството за користење на вашиот безжичен рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
    • Ако со горната постапка не се постигне подобрување, променете ја поставката на вашиот безжичен рутер на 5 GHz, што може да помогне во подобрувањето на квалитетот на стримувањето видео.
    • Фреквенцијата од 5 GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5 GHz не е поддржана, LCD мониторот/LCD екранот може да се поврзе со безжичен рутер само користејќи ја фреквенцијата од 2,4 GHz.

Белешка

  • Од безбедносни причини, особено се препорачува да го поврзете LCD мониторот/LCD екранот на интернет преку рутер/модем што има функционалност на рутер. Директното поврзување на LCD мониторот/LCD екранот со интернет може да го изложи LCD мониторот/LCD екранот на безбедносни ризици, како екстракција или менување на содржината или личните информации.
    Контактирајте со давателот на услуги или мрежниот администраторот за да потврдите дека вашата мрежа има функционалност на рутер.
  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  • Ако ја изберете опцијата [Прикажи лозинка] на екранот за внесување лозинка, прикажаната лозинка можат да ја видат и други.