Отпечати

Гледање телевизија во 3D (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Приказ].

Можете да уживате во искуството на моќна забава во 3D, како што се стереоскопски 3D игри и 3D Blu-ray дискови.

За гледање во 3D, поврзете 3D-компатибилен уред директно на телевизорот со помош на одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.

  1. Подгответе ги 3D очилата.
  2. Прикажете ја 3D содржината на телевизорот.
  3. Ставете ги 3D очилата.
    Сега, би требало да можете да гледате 3D слики. Ако не се постигне никаков 3D ефект, извршете ги следниве чекори.
  4. Притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D].
  5. Изберете го режимот [3D приказ] што одговара на прикажуваната содржина. Зависно од влезниот сигнал или формат, [3D (едно‑до‑друго)]/[3D (едно-врз-друго)] може да не биде возможно да се избере.

Совет

  • Освен режимот [3D приказ], можете да користите разни 3D опции во [Поставки за 3D]. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Приказ] — [Поставки за 3D].

Напомена

  • 3D ефектот може да биде помалку изразен ако температурата на воздухот во собата е ниска.
  • Ако [Motionflow] во [Слика] е поставено на нешто друго освен [Исклучено], процесот за сведување на треперењето на екранот на минимум може да влијае врз течното движење на сликата. Во тој случај, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Motionflow] — [Исклучено]. (Само за модели компатибилни со [Motionflow].)
    Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Приказ] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење].