Отпечати

Гледање слики во резолуција 4K (само за 4K-моделите)

Слика со резолуција 4K или поголема може да се прикажува во резолуцијата 4K (3840×2160). Можете да приклучите дигитален фотоапарат/видеокамера што поддржува HDMI 4K излез со HDMI IN на телевизорот за да ги прикажувате фотографиите со висока резолуција зачувани во фотоапаратот. Можете да прикажувате и фотографии со висока резолуција зачувани на приклучени USB уреди или на домашната мрежа.

Достапноста на функцијата зависи од регионот/земјата.

  1. Дигитален фотоапарат
  2. Видеокамера
  3. USB уред
  4. Мрежен уред

За да гледате слики зачувани на уред USB или на мрежен уред во резолуција 4K

  1. Приклучете го USB уредот или мрежниот уред во телевизорот.
  2. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Албум] — USB уред, сервер или претходно поставена папка што ја содржи датотеката за пуштање — папката или датотеката од листата.
    Ако изберете папка, изберете ја датотеката.

За да гледате слики зачувани на дигитален фотоапарат/видеокамера

  1. Приклучете дигитален фотоапарат или видеокамера што поддржува HDMI излез во HDMI IN приклучокот на телевизорот со HDMI кабел.
  2. Притиснете го копчето неколку пати за да го изберете поврзаниот уред.
  3. Поставете го поврзаниот уред на излез 4K.
  4. Стартувајте го емитувањето од поврзаниот уред.

За да ги проверите поддржаните формати на датотека

За да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет

Можете да го поставите Формат на HDMI сигнал на [Подобрен формат] за да гледате слики во резолуција 4K со повисок квалитет.

За информации за Подобрен формат или за менување на поставките, видете на страницата Поставки за гледање слики во резолуција 4K со повисок квалитет (само за 4K-моделите).

Напомена

  • Не може да се прикаже 3D-слика.
  • Ако ја смените сликата притискајќи ги копчињата / , може да помине извесно време пред да се прикаже.