Поставки за гледање слики во резолуција 4K со повисок квалитет (само за 4K-моделите)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
Кога прикажувате висококвалитетен формат 4K преку влезот HDMI, поставете [Формат на HDMI сигнал] во [Надворешни влезови].
Формат на HDMI сигнал
За да ја смените поставката за форматот на сигналот HDMI, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Надворешни влезови] — [Формат на HDMI сигнал].
- Стандарден формат
- Стандарден HDMI формат*1 за нормална употреба.
- Подобрен формат
- Висококвалитетен HDMI формат*1*2. Поставете го само кога користите уреди способни за него.
*1 Вклучено HDR (само за моделите HDR). Моделите HDR имаат [Режим на HDR] во [Поставки] — [Приказ] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Опции за видео].
*2 4K 60p 4:2:0 10bit, 4:4:4:, 4:2:2 и сл.
Напомена
- Кога користите [Подобрен формат], сликата и звукот може да не се прикажуваат правилно. Во тој случај, поврзете го уредот со HDMI IN што е во [Стандарден формат] или сменете го форматот на сигналот HDMI на HDMI IN во [Стандарден формат].
- Поставете на [Подобрен формат] само кога користите компатибилни уреди.
- Кога гледате слика 4K со висок квалитет, користете кабел Premium High Speed HDMI Cable(s) што поддржува брзина од 18 Gbps. За детали за кабелот Premium High Speed HDMI Cable(s) што поддржува 18 Gbps видете во спецификациите на кабелот.
- Кај некои модели форматот на HDMI сигналот на HDMI IN 2 и 3 се менува истовремено.