Отпечати

Не се прикажуваат слики 3D. 3D ефектот е слаб. (Само за моделите 3D)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Приказ].

  • Ако се прикажуваат две слики една до друга, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D] — [3D приказ] — [3D (едно‑до‑друго)].
    Ако се прикажуваат две слики една врз друга, притиснете го копчето ACTION MENU, па изберете [3D] — [3D приказ] — [3D (едно-врз-друго)].
  • Ако се појави екранот [3D приказ] и не се прикажуваат 3D сликите, исклучете го уредот кој емитува 3D содржина и вклучете го повторно.
  • Перцепирањето на 3D ефектот може да се разликува од едно до друго лице.

За 4K-модели

  • Не може да се прикаже 3D сигнал од 4K.
  • За модели на пасивни 3D очила, гледајте во телевизорот директно однапред. 3D ефектот може да биде понеизразен во зависност од положбата од која се гледа. Прилагодете го аголот на гледање на екранот.

За модели со активни 3D очила

  • Осигурете да нема пречки помеѓу телевизорот и активните 3D очила.
  • Заменете ја батеријата во активните 3D очила.
  • Осигурете се дека активните 3D очила се вклучени.
  • Пред употреба, неопходно е да ги регистрирате вашите активни 3D очила на телевизорот. За да ги користите очилата со друг телевизор, неопходно е повторно да се изврши регистрација. Исклучете ги очилата пред да започнете со повторно регистрирање.
  • Безжичните уреди или микробрановите печки може да влијаат врз комуникацијата помеѓу 3D очилата и телевизорот бидејќи телевизорот ја користи фреквенцијата од 2,4GHz. Во овој случај, обидете се со повторно регистрирање.
  • Ако уред, кој не е 3D-компатибилен (како на пример, домашно кино), е поврзан помеѓу телевизорот и 3D-компатибилен уред, телевизорот нема да прикажува 3D слики. Поврзете го уредот компатибилен за 3D директно со телевизорот со помош на одобрен HIGH SPEED HDMI кабел со логото HDMI.