Разбирање на основите на 3D телевизијата (само за 3D моделите)
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран за поставување.
3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Приказ].
Препорачано растојание на гледање за 3D слика
Ако растојанието на гледање не е соодветно, може да се појави двојна слика. Седете на растојание од најмалку три височини на екранот на телевизорот. За најдобро гледање препорачуваме да седите директно пред телевизорот.
Совет
- Постојат два вида 3D очила: пасивни и активни. Видете во спецификациите во Reference Guide кои видови 3D очила ги поддржува телевизорот.
Комуникациски опсег на телевизорот и активните 3D очила
Активните 3D очила комуницираат со телевизорот за да ви прикажат слики во 3D.
Вашата местоположба од која гледате, треба да биде во рамки на соодветниот опсег. Погледнете ги следниве дијаграми. Работното растојание зависи од просторни пречки (луѓе, метал, ѕидови итн.) и/или електромагнетни пречки.
- Поглед од горе
- 120°
- 1-6 m
- Поглед од страна
- 45°
- 1-6 m
- 30°
Напомена
- Препорачаните агол и растојание на гледање може да се разликуваат во зависност од местоположбата на телевизорот и условите во собата.
Нега на очилата
- Бришете ги очилата нежно со мека крпа.
- Тврдите дамки може да се отстранат со крпа малку навлажнета со раствор од мек сапун и топла вода.
- Ако користите хемиски обработена крпа, следете ги упатствата дадени на пакувањето.
- За чистење, никогаш не користете силни раствори, како што се разредувач, алкохол или бензен.