Отпечати

Телевизорот не може да се поврзе со серверот.

  • Проверете ги LAN кабелот, или безжичната врска со вашиот сервер и вашиот телевизор.
  • Проверете дали вашата мрежа е правилно конфигурирана на вашиот телевизор.
  • Проверете го вашиот LAN кабел/безжична врска или вашиот сервер. Телевизорот можеби ја изгубил врската со серверот.
  • Извршете [Дијагностика на сервери] за да проверите дали медиумскиот сервер правилно комуницира со телевизорот. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Поставување на домашна мрежа] — [Дијагностика на сервери].