Отпечати

Се појавува порака дека телевизорот не може да се поврзе со вашата мрежа.

  • Проверете ги моменталните поставки на мрежата и извршете [Проверете ја врската].
    Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Напредни поставки] — [Погледнете ги поставките и статусот на мрежата] — [Проверете ја врската].
    За информации за врската, проверете ги вашите мрежни врски и/или упатството за користење на серверот, или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).
  • Преконфигурирајте ги мрежните поставки притискајќи го кочето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Поставување на мрежата].
  • Ако LAN кабелот е поврзан со активен сервер и телевизорот добил IP адреса, проверете ги врските и конфигурациите на вашиот сервер. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Мрежа] — [Напредни поставки] — [Погледнете ги поставките и статусот на мрежата].