Отпечати

Користење функции достапни кај уреди компатибилни со BRAVIA Sync

Менито [Sync Menu] првенствено се користи за ракување со уреди компатибилни со BRAVIA Sync од телевизорот.
Притиснете го копчето ACTION MENU, и изберете [Sync Menu].

Blu-ray/DVD плеер

  • Автоматски го вклучува Blu-ray/DVD плеерот и го префрлува влезот на Blu-ray/DVD плеерот кога ќе го изберете од почетното мени или од Sync Menu.
  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрлува влезот на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога плеерот ќе почне да емитува.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ги контролира операциите со менито (копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно)), емитувањето (на пр., копчето (Пушти)) и избирањето канал од приклучениот Blu-ray/DVD плеер преку далечинскиот управувач на телевизорот.

AV-приемник

  • Автоматски го вклучува поврзаниот АV-приемник и го префрла излезот на звук од звучниците на телевизорот на аудио системот кога ќе го вклучите телевизорот. Оваа функција е достапна само ако претходно сте го користеле АV-приемникот за излез на звукот од телевизорот.
  • Автоматски го префрла излезот на звук на АV-приемникот кога ќе се вклучи АV-приемникот или кога ќе се вклучи телевизорот.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот АV-приемник кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ја приспособува јачината на звукот ((Јачина на звук) +/– копчиња) и го исклучува звукот ((Исклучи звук) копче) на поврзаниот АV-приемник преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Видеокамера

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрла влезот на поврзаната видеокамера кога ќе ја вклучите видеокамерата.
  • Автоматски ја исклучува поврзаната видеокамера кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ги контролира операциите со менито (копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно)), емитувањето (на пример, копчето (Пушти)) на поврзаната видеокамера преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Напомена

  • BRAVIA Sync Control“ (BRAVIA Sync) е достапно само за поврзани уреди компатибилни со BRAVIA Sync што го имаат логото BRAVIA Sync.