Отпечати

Прилагодување на поставките за BRAVIA Sync

  1. Вклучете го поврзаниот уред.
  2. За да овозможите [BRAVIA Sync Control], притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Надворешни влезови] — [Поставки за BRAVIA Sync] — [BRAVIA Sync Control].
  3. Активирајте го BRAVIA Sync на поврзаниот уред.
    Кога е вклучен и поврзан одреден уред компатибилен со Sony BRAVIA Sync и кога е овозможено [BRAVIA Sync Control], BRAVIA Sync се активира автоматски на тој уред. За подетални информации, погледнете го упатството за користење поврзаниот уред.

Достапни опции

Долу се прикажани достапните опции. (Опциите се разликуваат зависно од моделот/регионот/земјата.)

[Автоматско исклучување на уреди]
Ако е исклучено, приклучениот уред нема да се исклучи автоматски кога ќе се исклучи телевизорот.
[Автоматско вклучување на телевизорот]
Ако е исклучено, телевизорот нема да се вклучи автоматски кога ќе се вклучи приклучениот уред.
[Листа со BRAVIA Sync уреди]
Ја прикажува листата со BRAVIA Sync уреди.
[Копчиња за контрола на уред]
Овозможува да поставувате копчиња за контролирање уред поврзан со HDMI.

За да го користите Sync Menu

  1. Притиснете го копчето ACTION MENU, изберете Sync Menu, и изберете ја саканата ставка во Sync Menu.

Совет

  • Во следниве случаи, на ТВ-екранот се прикажува порака кога ќе го изберете Sync Menu.
    • Не е поврзан уред HDMI.
    • [BRAVIA Sync Control] е исклучено.