Отпечати

Користење на „Лента со содржини“ (DISCOVER)

Оваа функција е достапна за телевизори чиишто далечински управувачи имаат копче DISCOVER.

Можете да го користите копчето „Лента со содржини“ за пребарување содржини, како телевизиски емисии и видео-записи на интернет. Содржините што се прикажуваат кога ќе се притисне копчето „Лента со содржини“ се различни, зависно од моделот/регионот/земјата.

Image of the TV screen
  1. Притиснете го копчето DISCOVER.
    Функцијата „Лента со содржини“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Изберете ја саканата категорија со поместување на фокусот нагоре или надолу.
  3. Изберете ја саканата ставка со поместување на фокусот налево или надесно.
  4. Притиснете го копчето (Влез) за да ја активирате избраната ставка.

За да ги промените поставувањата на оваа функција

  1. Притиснете го копчето DISCOVER.
    Функцијата „Лента со содржини“ е прикажана во долниот дел на екранот.
  2. Поместете го фокусот надолу до категоријата [Поставки].
  3. Изберете ја ставката за која што сакате да ги промените поставувањата.

Достапни опции

[Покажи/скриј категории]
Изберете категории на содржини што ќе се прикажуваат во DISCOVER. Не може да се скријат [Поставки].
[Најдобар избор] може да се скрие, зависно од моделот на телевизорот.
[Повторно подредете ги категориите]
Изберете категорија на содржини за прередување.
[Додадете канали во Омилени]
Додајте ги омилените канали во DISCOVER.
[Додадете категории на жанрови]
Додајте жанрови за да направите своја категорија на содржини.
[Додадете категории на зборови за пребарување]
Додајте клучни зборови за да направите своја категорија на содржини.
[Прикажи големина]
Изберете ја големината на приказот на менито.
[Сортирај ТВ канали]
Изберете го типот на подредување на телевизиските канали.

Напомена

  • Оваа опција може да не е достапна, зависно од вашиот модел/регион/земја.