Отпечати

Прикажување на екранот на паметен телефон/таблет на телевизорот со функцијата за пресликување екран

Можете да го прикажете екранот од мобилен уред на телевизорот за да гледате слики, видео-записи или интернет-страници.

Функцијата „Пресликување екран“ користи Miracast технологија за прикажување на екранот на компатибилен уред на телевизорот. За користење на оваа функција не е неопходен безжичен рутер.

Illustration of content sharing
  1. Паметен телефон
  2. Таблет
  3. Компјутер
  1. Притиснете го копчето (Избор на влез), потоа изберете [Пресликување на екран].
  2. Ракувајте со уредот компатибилен за пресликување екран за да го поврзете со телевизорот.
    Кога уредот е поврзан со телевизорот, екранот што е прикажан на уредот ќе се прикаже и на телевизорот.
    За детали, погледнете во упатството за употреба на вашиот уред.

Напомена

  • Кога е прикажан екранот за подготвеност за пресликување екран, безжичната врска помеѓу телевизорот и безжичниот рутер се прекинува, па затоа комуникацијата преку интернет запира.