Отпечати

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Поврзување на мрежа со помош на LAN кабел

Кабелската LAN врска ви овозможува пристап до интернет и до вашата домашна мрежа.

Осигурете се дека со помош на рутер ќе бидете поврзани со интернет или домашна мрежа.

Совет

  • Доколку користите модем со функции на рутер, нема да ви биде потребен посебен рутер. Од вашиот интернет провајдер побарајте информации во врска со спецификациите на вашиот модем.
Illustration of the connection method
  1. Кабел за LAN
  2. Компјутер
  3. Рутер
  4. Модем
  5. Интернет
  1. Поставете го вашиот LAN рутер.
    За детали, погледнете го упатството за користење на вашиот LAN рутер или стапете во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).

Напомена

  • Потребните мрежни поставки може да се различни, зависно од операторот или рутерот. За детали, погледнете ги упатствата за употреба испорачани од интернет провајдерот или оние испорачани со рутерот. Исто така, можете да стапите во контакт со лицето кое ја поставило мрежата (администратор на мрежата).