Отпечати

Софтверски ажурирања

Sony обезбедува ажурирањата на софтверот одвреме-навреме за да се подобри функционалноста и да им се овозможи најновото телевизиско доживување на корисниците. Најлесен начин за добивање софтверски ажурирања е преку поврзување на телевизорот на интернет.

За да го вклучите автоматското преземање софтвер

За да овозможите [Автоматско преземање на софтвер], притиснете го копчето HELP па изберете [Ажурирање на софтверот на системот] — [Автоматско преземање на софтвер].

Совет

  • За да го ажурирате софтверот рачно, изберете [Ажурирање на софтвер].
  • Ако не сакате да го ажурирате софтверот автоматски, исклучете го [Автоматско преземање на софтвер].

Напомена

  • Кога [Автоматско преземање на софтвер] е исклучено, телевизорот не може да прима известувања дури и кога е достапно софтверско ажурирање.

Ажурирање на софтверот преку мемориски уред USB

Ако немате мрежна врска, можете да го ажурирате софтверот и со USB мемориски уред. Употребете го компјутерот да го преземете најновиот софтвер од интернет-страницата за поддршка на Sony на мемориски уред USB. Вметнете го USB меморискиот уред во приклучокот за USB на телевизорот и софтверското ажурирање ќе почне автоматски.

Ако го ажурирате телевизискиот софтвер со USB мемориски уред, треба да ги прочитате предупредувањата за ажурирање со USB мемориски уред на интернет-страницата.

За повеќе информации за интернет-страницата за поддршка, видете на страницата Интернет-страница за поддршка.