Отпечати

Ако е потребно целосно ресетирање (рестартирање) на телевизорот

Ако имате проблеми како неприкажување на сликата на екранот или ако далечинскиот управувач не работи, ресетирајте го телевизорот со следнава постапка. Ако проблемот останува, обидете се со постапката на фабричко ресетирање подолу.
Ако со телевизорот е поврзан надворешен USB уред, пред ресетирање откачете го USB уредот од телевизорот.

Ресетирање на вклучувањето/исклучувањето

  1. Престартувајте го телевизорот со далечинскиот управувач.
    Притиснете и држете го копчето за вклучување/исклучување на далечинскиот управувач околу 5 секунди додека не се прикаже пораката „Исклучено“.
    Телевизорот ќе се исклучи и ќе се престартува автоматски по околу една минута.
  2. Откачете го кабелот за напојување.
    Ако проблемот продолжи по чекор 1, откачете го кабелот за напојување од електричниот штекер. Потоа притиснете го копчето за вклучување на телевизорот и почекајте 2 минути и приклучете го кабелот за напојување во електричниот штекер.

Совет

Личните поставки и податоците нема да се изгубат откако телевизорот ќе се престартува.

Фабричко ресетирање на податоци

Ако проблемот останува по ресетирање на вклучувањето/исклучувањето, обидете се со фабричко ресетирање на податоците.

Напомена

Со извршувањето фабричко ресетирање ќе се избришат сите податоци и поставки на телевизорот (како на пример информациите за поставките на Wi-Fi и кабелската мрежа, сметката на Google и другите информации за пријавување Google Play и другите инсталирани апликации).

  1. Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Поставки за уредот] — [Ресетирај] — [Фабричко ресетирање на податоци].
  2. Изберете [Избриши сè].
    Ако сте поставиле PIN-код на телевизорот, од вас ќе се побара да го внесете кога ќе изберете [Избриши сè].
    Откако постапката на фабричко ресетирање успешно ќе се заврши, телевизорот ќе го стартува волшебникот за почетно поставување. Мора да се согласите со Условите на користење на Google и Политиката за приватност на Google.