Искривена слика./Екранот трепка.
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Проверете ја врската и положбата на антената (воздушна) и на периферните уреди
- Проверете ја врската со антената (воздушна)/кабелот.
- Држете ги антената (воздушна)/кабелот подалеку од другите кабли за поврзување.
- Кога инсталирате опционален уред, оставете одреден простор помеѓу уредот и телевизорот.
- Внимавајте антената (воздушна) да е поврзана со висококвалитетен коаксијален кабел од 75 оми.
Проверка на поставката [Движење]
- Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Motionflow] — [Исклучено]. (Само за модели компатибилни со [Motionflow])
Моделите компатибилни со [Motionflow] имаат [Motionflow] во [Поставки] — [Слика и звук] — [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење]. - Сменете ја моменталната поставка за [Режим за филмови] на [Исклучено].
Притиснете го копчето ACTION MENU, потоа изберете [Слика] — [Напредни поставки] — [Движење] — [Режим за филмови]. - Проверете ги поставките на [Рачно поставување на канали].
Притиснете го копчето HOME, потоа изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Канали] — [Поставување на канали] — [Аналогно поставување] — [Рачно поставување на канали].- Поставете го [LNA] на [Исклучено] за да се подобри приемот на сликата. ([LNA] може да не е достапно, зависно од вашата ситуација/регион/земја.)
- Извршете [AFT] за да ја подобрите сликата на аналогниот прием.
(Достапноста на [Рачно поставување на канали] и опциите во него може да се разликуваат, зависно од регионот/земјата/ситуацијата.)