Отпечати

Не може да се користи USB HDD уред. (Само кај моделите со снимање на USB HDD)

Моделите со снимање на USB HDD имаат [Поставување уред за снимање] во [Поставки] — [Гледање ТВ].

  • Проверете дали USB HDD уредот е:
    • правилно поврзан.

      Проверете дали уредот е поврзан со синиот приклучок за USB3 означен со „HDD REC“.

    • вклучен.
    • регистриран на телевизорот.

      За да го регистрирате уредот USB HDD на телевизорот, притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [HDD регистрација].

  • Не е поддржано поврзување на USB HDD уред преку USB разводници.
  • Извршете [Проверка на HDD перформансите] за да проверите дали спецификациите на USB HDD ги задоволуваат барањата.
    Притиснете го копчето HOME, па изберете [Поставки] — [Гледање ТВ] — [Поставување уред за снимање] — [Проверка на HDD перформансите].