Отпечати

Користење функции достапни кај уреди компатибилни со BRAVIA Sync

За ракување со уредите компатибилни со BRAVIA Sync од телевизорот, користете го копчето (Избор на влез) на далечинскиот управувач за избирање на уредот со којшто сакате да ракувате.

Blu-ray/DVD плеер

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрлува влезот на поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога плеерот ќе почне да емитува.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот Blu-ray/DVD плеер кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Овозможува операции, како операции со менито и репродукција со копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач на телевизорот.

AV-приемник

  • Автоматски го вклучува поврзаниот АV-приемник и го префрла излезот на звук од звучниците на телевизорот на аудио системот кога ќе го вклучите телевизорот. Оваа функција е достапна само ако претходно сте го користеле АV-приемникот за излез на звукот од телевизорот.
  • Автоматски го префрла излезот на звук на АV-приемникот кога ќе се вклучи АV-приемникот или кога ќе се вклучи телевизорот.
  • Автоматски го исклучува поврзаниот АV-приемник кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Ја приспособува јачината на звукот (копчиња (Јачина на звук) +/-) и го исклучува звукот (копче (Исклучи звук)) на поврзаниот АV-приемник преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Видеокамера

  • Автоматски го вклучува телевизорот и го префрла влезот на поврзаната видеокамера кога ќе ја вклучите видеокамерата.
  • Автоматски ја исклучува поврзаната видеокамера кога ќе го исклучите телевизорот.
  • Овозможува операции, како операции со менито и репродукција со копчињата (Горе) / (Долу) / (Лево) / (Десно) на далечинскиот управувач на телевизорот.

Напомена

  • BRAVIA Sync Control“ (BRAVIA Sync) е достапно само за поврзани уреди компатибилни со BRAVIA Sync што го имаат логото BRAVIA Sync.