Користење на микрофонот на далечинскиот управувач
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Далечинските управувачи што поддржуваат управување со глас имаат Помошник на Google или копче за микрофон и вграден микрофон. Побарајте од Google да најде филмови, да емитува апликации, да пушта музика и да го контролира телевизорот, сè со вашиот глас. Притиснете го копчето Помошник на Google (или за микрофон) на далечинското за да започнете.
- Притиснете го и задржете го Помошник на Google или копчето за микрофон на далечинскиот управувач.
Микрофонот на далечинскиот управувач ќе се активира додека е притиснато копчето, а LED-от на далечинскиот управувач ќе светне. - Зборувајте во микрофонот додека го притискате и држите Помошник на Google или копчето за микрофон.
Може да бидат прикажани примери на говор, зависно од моделот.
Резултатите од пребарување се прикажуваат кога зборувате во микрофонот.
Напомена
- Потребно е поврзување со интернет за користење гласовно пребарување.
- Типот на далечинскиот управувач испорачан со телевизорот и достапноста на далечински управувач со вграден микрофон се различни, зависно од моделот, регионот и земјата. За некои модели, региони и земји е достапен изборен далечински управувач.
- За да го користите микрофонот на далечинскиот управувач, мора да додадете и поставите сметка Google на телевизорот.