Приспособување на поставките за синхронизирање АV
Изберете во текстот за да се префрлите на односниот екран со поставки.
Ако е поврзан аудио уред со Bluetooth, може да има несовпаѓање помеѓу звукот и сликата поради карактеристиките на Bluetooth. Несовпаѓањето помеѓу сликата и звукот може да го приспособите со поставката A/V синхронизација.
- Притиснете го копчето
(Брзи поставки) на далечинскиот управувач, а потоа изберете [Поставки] — [Слика и звук] — [Аудио излез] — [A/V синхронизација] — саканата опција.
Ако аудиоуредот е поврзан со HDMI кабел, може да дојде до доцнење на звукот поради својствата на аудиоуредот. Во тој случај, можете да го прилагодите тајмингот на видео и аудиоизлез со помош на поставката A/V синхронизација.
Напомена
- Во зависност од поврзаниот аудиоуред со Bluetooth или поврзаниот HDMI уред, сликата и звукот може да не се совпаѓаат дури и кога поставката [A/V синхронизација] е наместена на [Вклучено] или [Автоматски].
- За да се спречи прикажување црн екран на телевизорот веднаш после вклучување на телевизорот, кога звучникот во вид на лента е приклучен безжично (Bluetooth), поставете ја поставката [A/V синхронизација] на [Вклучено].
- Ако [Режим на слика] е поставен на една од опциите наведени подолу, тајмингот за прикажување на сликата и звукот не се подеднакво приспособени кога поставката [A/V синхронизација] е поставена на [Автоматски].
- [Игри]
- [Графика]
- [Фотографија]
- Кога е поврзан аудиоуред со Bluetooth, реагирањето на телевизорот додека играте видеоигри може да се чини побавно поради тоа што поставката [A/V синхронизација] додава доцнење во времето за излез на сликата. За игри кај кои времето на реакција е од големо значење, не препорачуваме да користите Bluetooth-уред, туку препорачуваме да ги користите звучниците на телевизорот или звучникот во вид на лента со кабелска (HDMI кабел/дигитален оптички кабел) врска.