Понекогаш е слаб квалитетот на стримување видео.
- Квалитетот зависи од оригиналниот видео-запис, кој се доставува од страна на доставувачот на видео-содржината, и од брзината на вашата интернет врска.
- Квалитетот на безжичната мрежна врска се разликува во зависност од растојанието или пречките (на пример, ѕид) помеѓу телевизорот и безжичниот рутер (пристапна точка), околинските пречки и квалитетот на безжичниот рутер (пристапна точка). Во овој случај, користете кабелска врска за интернет или обидете се со фреквенцијата од 5GHz.
- Фреквенцијата од 5GHz може да не е поддржана во зависност од вашиот регион/држава. Ако фреквенцијата од 5GHz не е поддржана, телевизорот може да се поврзе само со безжичен рутер (пристапна точка) користејќи ја фреквенцијата од 2,4GHz.