Отпечати

Разбирање на основите на 3D телевизијата (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

Препорачано растојание на гледање за 3D слика

Ако растојанието на гледање не е соодветно, може да се појави двојна слика. Седете на растојание од најмалку три височини на екранот на телевизорот. За најдобро гледање препорачуваме да седите директно пред телевизорот.

Illustration of the best distance to watch TV

Совет

  • Постојат два вида 3D очила: пасивни и активни. Видете во спецификациите во Reference Guide кои видови 3D очила ги поддржува телевизорот.

Комуникациски опсег на телевизорот и активните 3D очила

Активните 3D очила комуницираат со телевизорот за да ви прикажат слики во 3D.

Вашата местоположба од која гледате, треба да биде во рамки на соодветниот опсег. Погледнете ги следниве дијаграми. Работното растојание зависи од просторни пречки (луѓе, метал, ѕидови итн.) и/или електромагнетни пречки.

  • Поглед од горе
    Illustration of the communication range from an overhead view
    1. 120°
    2. 1-6 m
  • Поглед од страна
    Illustration of the communication range from a side view
    1. 45°
    2. 1-6 m
    3. 30°

Напомена

  • Препорачаните агол и растојание на гледање може да се разликуваат во зависност од местоположбата на телевизорот и условите во собата.

Нега на очилата

  • Бришете ги очилата нежно со мека крпа.
  • Тврдите дамки може да се отстранат со крпа малку навлажнета со раствор од мек сапун и топла вода.
  • Ако користите хемиски обработена крпа, следете ги упатствата дадени на пакувањето.
  • За чистење, никогаш не користете силни раствори, како што се разредувач, алкохол или бензен.