Отпечати

Подготвување на 3D очилата (само за 3D моделите)

3D моделите имаат [Поставки за 3D] во [Поставки] — [Слика и звук].

Постојат два вида 3D очила: пасивни и активни. Видете во спецификациите во Reference Guide кои видови 3D очила ги поддржува телевизорот.

За пасивни 3D очила

Ако со телевизорот се испорачани пасивни 3D очила, користете ги. Ако не се испорачани никакви очила, купете пасивни 3D очила, модел TDG-500P. Можете да гледате во 3D едноставно ставајќи ги пасивните 3D очила.

За активни 3D очила

Ако со телевизорот се испорачани активни 3D очила, користете ги. Ако не се испорачани никакви очила, купете активни 3D очила, модел TDG-BT500A. Пред да ги употребите активните 3D очила прв пат, треба да ги регистрирате на вашиот телевизор. Следете ги долните чекори.

  1. Извадете ја преградата за изолација на батеријата.
    Illustration of the procedure step
  2. Вклучете го телевизорот, а потоа, држете ги очилата во рамки на растојание од 50 cm од телевизорот.
  3. Притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) на очилата и задржете го притиснато 2 секунди.
    Illustration of the procedure step

    Активните 3D очила се вклучуваат и регистрацијата започнува (копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) трепка со зелена и жолта светлина). Кога ќе заврши регистрацијата, на екранот се појавува порака и останува 5 секунди, а индикаторот свети зелено 3 секунди.

    Ако регистрацијата не успее, активните 3D очила автоматски ќе се исклучат. Во тој случај, повторете ја горната постапка.

  4. Ставете ги активните 3D очила.

Од наредниот пат, ќе можете да ги користите активните 3D очила едноставно вклучувајќи ги. За да ги исклучите, притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување) на очилата и задржете го притиснато 2 секунди. За да ги вклучите повторно, притиснете го копчето/индикаторот (Вклучување/Исклучување).

Совет

  • За да ги користите активните 3D очила со друг телевизор, треба да ги регистрирате очилата на тој телевизор. Извршете ја горната постапка почнувајќи од чекорот 2.