Отпечати

Почетно мени

Екранот што се прикажува кога ќе го притиснете копчето HOME на далечинскиот управувач се нарекува Почетно мени. Од почетното мени може да пребарувате содржини и да избирате препорачани содржини, апликации и поставки.

Image of the Home Menu screen. There are five areas labeled A through E starting from the top.

Пребарување, известувања, влезови, тајмери и поставки (A)

(Микрофон) / (Тастатура на екран):
Користете го микрофонот на далечинскиот управувач или тастатурата на екранот прикажана на телевизорот за внесување клучни зборови и пребарување различни содржини.
За гласовно пребарување, погледнете ја страницата Пребарување со глас.
(Известувања):
Се прикажува кога има известување, како на пример кога има проблем со поврзувањето. Бројот го покажува бројот на известувања.
(Влезови):
Го префрлува влезниот уред поврзан со телевизорот.
(Тајмери):
Конфигурирајте ги [Тајмер за вклучување] и [Тајмер за исклучување].
За повеќе детали, видете на страницата за Поставување тајмер.
(Поставки):
Конфигурирајте ги различните поставки поврзани со телевизорот.
За повеќе детали, видете на страницата за Поставки.

Апликации (B)

Прикажете ги вашите омилени апликации.

  • Ако изберете [Апликации], се прикажува листа на инсталирани апликации.
  • Изберете [Додајте ја апликацијата на омилени] за да додадете апликација во омилените.
  • Ако изберете додадена апликација и го притиснете и држите копчето (Влез) на далечинскиот управувач, може да го менувате редоследот на подредување или да отстраните омилена.
  • Ако изберете ТВ-апликација, може да гледате телевизиски емисии или внесена содржина.

Play Next (C)

Прикажува што можете да гледате следно во зависност од содржината.

Напомена

  • Ако нема соодветна содржина, [Play Next] може нема да се прикаже.

Канали (D)

Редовите под Апликации (B) се нарекуваат „Канали“. Тука, може да гледате препорачана содржина од услугите за емитување видео.

Совет

  • Историјата на неодамна гледаните канали се прикажува на [ТВ].
  • Може да додадете содржина на Play Next со бирање на содржината на кој било канал и притискање и држење на копчето (Влез) на далечинскиот управувач.
  • Може да преместите некои од каналите под „Канали (D)“ во Почетното мени. Користете ги копчињата (Горе) / (Долу) за да го поместите фокусот до кружната икона на редот што сакате да го поместите и притиснете (Лево) (или (Десно) во зависност од јазикот на прикажување на телевизорот) да можете да го поместите редот нагоре или надолу со притискање на копчињата (Горе) / (Долу).

Приспособување канали (E)

[Приспособување канали] се користи за приказ или криење на избраните канали.

Совет