Приоритет на блендата

Можете да го искажете движењето на предметот што се движи на различни начини со прилагодување на брзината на блендата, на пр., во моментот на движење со бленда со голема брзина или како заостанувачка слика со бленда со мала брзина.

  1. Дотерајте го бирачот на режимот во S (Shutter Priority).
  2. Изберете ја саканата вредност со вртење на предниот/задниот бирач.
    • Ако не може да се добие соодветна експозиција по дотерувањето, вредноста на отворот на екранот за сликање трепка. Ако се случи тоа, променете ја брзината на блендата.
  3. Наместете го фокусот и снимајте го предметот.
    Отворот автоматски се прилагодува за да се добие соодветна експозиција.

Совет

  • Користете статив за да спречите тресење на апаратот кога сте избрале бавна брзина на блендата.
  • Кога снимате спортски сцени во затворен простор, дотерајте ја ISO чувствителноста во поголема вредност.

Забелешка

  • Индикаторот за предупредување SteadyShot не се појавува во режимот приоритет на брзина на блендата.
  • Кога [ Long Exposure NR] е дотеран во [On] и брзината на блендата е 1 секунда или подолго, намалувањето на бучавата ќе се изврши по снимање за исто време за кое блендата е отворена. Сепак, не можете да фотографирате повеќе додека е во тек намалувањето на бучавата.
  • Светлината на сликата на екранот може да се разликува од вистинската слика што се фотографира.