Прилагодување на дотерувања за областа на фокусот според ориентација на фотоапаротот (хоризонтална/вертикална) (Префрлување V/H AF област)

Може да дотерате дали да ја вклучите [Focus Area] и положбата на рамката за фокусирање според ориентацијата на фотоапаратот (хоризонтална/вертикална). Оваа функција е корисна кога снимате сцени за кои треба често да ја менувате позицијата на фотоапаратот, како што се портрети или спортски сцени.

  1. MENU(Camera Settings1→ [Switch V / H AF Area] - дотерување по желба.

Детали за ставка од менито

Исклучено:
Не ги менува [Focus Area] и положбата на рамката за фокусирање според ориентацијата на фотоапаратот (хоризонтална/вертикална).
Само на AF точка:
Ја менува позицијата на рамката за фокусирање според ориентацијата на фотоапаратот (хоризонтална/вертикална). [Focus Area] е фиксна.
AF точка + AF област:
Го менува и [Focus Area] и положбата на рамката за фокусирање според ориентацијата на фотоапаратот (хоризонтална/вертикална).

Пример кога е избрана [AF Point + AF Area]

(А) Вертикална: [Flexible Spot] (горниот лев агол)

(Б) Хоризонтално: [Flexible Spot] (горниот десен агол)

(В) Вертикална: [Zonе] (долен лев агол)

  • Откриени се три ориентации на фотоапаратот: хоризонтална, вертикална со страната на копчето за снимање свртено нагоре, и вертикална со страната на копчето за снимање свртено надолу.

Забелешка

  • Ако е дотерано [Switch V / H AF Area], дотеруваата за фокус за секоја ориентација на фотоапаратот нема да се задржат.
  • [Focus Area] и позицијата на рамката за фокусирање нема да се сменат дури и кога [Switch V/H AF Area] е дотеано во [AF Point + AF Area] или [AF Point Only] во следниве ситуации:
    • Кога режимот на снимање е дотеран во [Intelligent Auto], [Movie] или [S&Q Motion]
    • Додека копчето за снимање е допрено до половина надолу
    • За време на снимањето на филмови
    • Додека ја користите функцијата за дигитално зумирање
    • Додека автоматското фокусирање е активирано
    • Кога [Дотерување фокус] е активирано
    • За време на континуирано снимање
    • За време на одбројувањето за автоматскиот тајмер
    • Кога е активирано [Focus Magnifier]
  • Кога фотографирате веднаш откако ќе се вклучи напојувањето и фотоапаратот е вертикален, првата слика се слика со дотерувањето за хоризонтално фокусирање или со последното дотерување на фокус.
  • Ориентацијата на фотоапаратот не може да се открие кога објективите се свртени нагоре или надолу.